7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Adobe“ ја купува компанијата „Frame.io“ за повеќе од милијарда долари

„Adobe“ ја купува компанијата „Frame.io“ за повеќе од милијарда долари

Американскиот софтверски концерн „Adobe Inc.“ го купува „Frame.io“, стартап кој прави софтвер за видео соработка, за околу 1,3 милијарди долари во готово, изјави висок извршен директор на „Adobe“.

„Frame.io“ ќе донесе повеќе можности за креативниот облак на „Adobe“, кој ги вклучува „Adobe Photoshop“ и „Illustrator“, рече Скот Белски, главниот директор за производи на „Adobe“ и извршен потпретседател на „Creative Cloud“.

Белски рече дека „Adobe“ сакал да го купи „Frame.io“ со седиште во Њујорк, откако сфатил дека неговите клиенти го користат со пакетот производи на „Adobe“. Компанијата размисли да изгради сопствени алатки за да им олесни на тимовите да уредуваат видео заедно, но на крајот одлучи да купи „Frame.io“ наместо тоа.

„Frame.io“ им служи на клиентите како што се телевизиските радиодифузери и медиумските агенции, рече нејзиниот основач и извршен директор Емери Велс во интервју. Велс и ко-основачот Џон Травер ќе се приклучат на „Adobe“ по завршувањето на договорот, кој се очекува да се случи во четвртиот квартал од финансиската година на „Adobe“ за 2021-ва година.

„Frame.io“ започна со работа во 2015-та година, неколку години откако нејзините основачи излегоа со концептот за компанијата. Таа беше поддржана од „Insight Partners“ и „Accel“.

Растот на употребата на видеото на социјалните медиуми, исто така, поттикна потрага по производи што го олеснуваат уредувањето на видеото во реално време. Ова значи дека секој со телефон – не само медиумските компании или огласувачите – се стреми да произведе видео со професионален изглед.

Белски рече дека клиентите за видео на „Adobe“, од малите бизниси до училиштата и најголемите компании, сакаат да создадат повеќе видеа на повеќе платформи, затоа се потребни повеќе алатки.

Алан Вебер, потпретседател за истражување на искуствата на потрошувачите во истражувачката фирма „IDC“, вели дека стариот начин за луѓето да уредуваат видеа е да седат заедно во просторија и заедно да ги разгледуваат промените.

„Во денешниот свет, навистина не можете да го направите тоа, бидејќи луѓето се расфрлани насекаде“, рече Вебер.

Производителот на „Photoshop“ продолжува да инвестира многу во дизајнот на нови алатки за професионалци и аматери во креативната област.

Купувањето на „Frame.io“ е најголемиот договор на Adobe откако минатата година го купи „Workfront“ за 1,5 милијарди долари.

„Adobe“ е лидер во индустријата за графички и визуелни софтвери со децении. Нејзините акции, кои годинава пораснаа за 27%, во петокот во Њујорк се тргуваа скоро непроменети, на 637,66 долари, што претставува раст од 1,74 проценти во текот на денот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП