19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали и мобилниот спие со вас во креветот?

Дали и мобилниот спие со вас во креветот?

Вeќе знаеме дека мобилните телфони зрачат, но сепак многумина од нас упорно го чуваат телефонот во кревет во текот на ноќта. Да се потсетиме, која одалеченост е безбедна.

Мобилниот телфон ни стана неопходен и освен што во текот на целиот ден не се одвојуваме од него, многумина од нас тоа го прави и во текот на ноќта, иако реално немаат потреба, сепак телефонот „спие“ со нив во креветот.

Тоа претставува сериозна закана по здравјето, а истражувањата покажаа и дека зрачењето на телефонот (и другите слични уреди) може да се поврзе со заболувањето од рак и со некои ментални проблеми и проблеми со репродуктивното здравје.

Мобилните телефони пренесуваат информации користејќи нискофрекфентни радио сигнали, кои предизвикуваат зрачење.

Значи, ако веќе буквално преку целиот ден мобилниот ви е неопходен, барем во текот на ноќта можете да се одвоите од него.

Затоа експертите советуваат кога спиете ни случајно да не го чувате телефонот под перница или покрај телото – најмалата одалеченост меѓу вас и телефонот би требала да биде колку должината на една ваша рака, а пожелно е и повеќе.

Освен тоа, експерите предупредуваат да користите слушалки кога разговарате и мобилниот да го држите во торбица наместо во џеб бидејќи се покажа дека тоа би можело да влијае лошо на плодноста.

Истражувањњата покажаа дека постои врска меѓу зрачењето и квантитетот и квалитетот на сперматозоиди. Со други зборови, мажите кои го носат телефонот во џеб имаат помалку сперматозоиди и многу од нив се оштетени.

Покрај тоа, психолозите предупредуваат дека зрачењето од мобилните телфони лошо влијае и на менталното здравје, вниманието, како и на сонот на адолесцентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП