5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНаследството е без вкус: Даниел Крејг нема да им остави пари на...

Наследството е без вкус: Даниел Крејг нема да им остави пари на своите деца

Децата на Даниел Крејг нема да го наследат неговото богатство.

53-годишниот актер има две ќерки – Ела (29), од првиот брак со Фиона Лудон, а во 2018 година доби втора ќерка со сопругата Рејчел Вајс. Тој смета дека „наследството нема никаков вкус“ и најверојатно своите милиони нема да им ги остави на ќерките туку ќе ги донира.

Во интервју за списанието „Кендис“, Даниел рече: „Зарем нема стара изрека дека ако умреш како богат човек, не си успеал?

„Мислам дека Ендрју Карнеги (американски индустријалец) подарил сума која во денешни пари би била околу 11 милијарди долари, што само покажува колку бил богат, бидејќи сигурно зачувал дел од нив.“

„Не сакам да оставам големи суми на следната генерација. Мислам дека наследството нема вкус. Мојата филозофија е: ослободете се од парите или донирајте ги пред да заминете“, додаде актерот кој наскоро ќе се збогува со улогата на култниот агент Џејмс Бонд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП