1 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЏони Деп вели дека Холивуд го бојкотира

Џони Деп вели дека Холивуд го бојкотира

Џони Деп се осврнува на она што тој го нарекува ‘холивудски бојкот’ во своето прво интервју по губењето на тужбата за клевета и последователните напори да ја обжали одлуката на судот во врска со британскиот таблоид „Сан“ кој го окаракеризира како тепач на жена.

Со уште една правна битка закажана за следниот април – Деп ја тужи поранешната сопруга Амбер Херд за клевета и бара оштета од 50 милиони долари за нејзината изјава за „Вашингтон пост“ во 2018 година за наводно семејно наилство – тој е спречен да зборува за случајот или за неговиот однос со Амбер.

Но, 58-годишниот актер во Зум-интервју за „Сандеј тајмс“, се осврна на ‘надреалните пет години’ што ги имаше откако беше обвинет за насилство, вклучително и испаѓањето од холивудската заедница.
Откако ја загуби тужбата за клевета минатата есен, Деп објави дека од него е побарано да поднесе оставка од франшизата „Фантастични sверки. Данскиот актер Мадс Микелсен треба да го замени како Гринделвалд. Како што забележува Тајмс, новиот филм на Деп, „Минамата“, нема да излезе во САД.

Деп – кој во филмот го глуми фотографот В. Јуџин Смит, кој го документираше труењето со жива на јапонски селани во раните 1970–ти, вели дека неговите маки се помали во споредба со оние жртви на труење, или луѓето кои страдаа од Ковид.

Но, се чини дека негодува што неговата поврзаност со филмот, кој тој исто така и го продуцира, резултира во тоа што филмот не го доби вниманието што смета дека го заслужува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП