26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ ја започна 334. недела на врвот на АТП листата

Ѓоковиќ ја започна 334. недела на врвот на АТП листата

Најдобриот светски тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ ја започна 334. недела на врвот на АТП листата.

Српскиот ас зад себе ја остави Мартина Навратилова, но се уште е далеку од достигнувањето на Штефи Граф која помина 377 недели на врвот на ВТА листата.

Оваа недела Новак има 1.493 поени повеќе од Данил Медведев кој вчера во Торонто го освои својот четврти мастерс трофеј во кариерата.

По едно место на листата напредуваа Каспер Руд и Хуберт Хуркач, но во Топ 10 немаше промени.

Еве како изгледа најдобрата десетка во машкиот светски тенис:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 12.113 бодови
2. Данил Медведев (Русија) 10.620
3. Стефанос Циципас (Грција) 8.350
4. Рафаел Надал (Шпанија) 7.815
5. Александер Зверев (Германија) 7.263
6. Доминик Тим (Австрија) 7.005
7. Андреј Рубљов (Русија) 6.005
8. Матео Беретини (Италија) 5.533
9. Роџер Федерер (Швајцарија) 4.215
10. Денис Шаповалов (Канада) 3.625

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП