Рускиот цртан филм „Маша и медо“ ја надмина по гледаност „Пепа прасе“ и „Патролни шепи“, со што се проби на првото место на листата на меѓународната агенција „Перот аналитикс“, објави Тас.
-Според светските истражувања, „Маша и медо“ стана број еден детско шоу во светот, ги надмина „Пепа прасе“, „Патролни шепи“ и „Улицата сезам“ – објавено е од руската компанија Анимакорд, која произведува анимирани филмови , а „Маша и медо“ е нивниот главен и најуспешен проект.

