5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„TikTok“ е новиот „крал“ на апликациите

„TikTok“ е новиот „крал“ на апликациите

Апликацијата „TikTok“ беше најсимнуваната апликација во светот во 2020-та година, бидејќи го превзема првото место од „Facebook Messenger“, објави компанијата за дигитална аналитика „App Annie“.

Кинеската платформа за споделување видеа е единствената апликација која не е во сопственост на „Facebook“ меѓу петте најголеми преземања во светот. Сопственикот на „TikTok“, „BiteDance“, мултинационална компанија за интернет технологија со седиште во Пекинг, го држи првото место во неговата земја, со видео апликацијата на кинески „Douiin“, кинескиот колега на „TikTok“, објави „ВВС“.

Популарноста на „TikTok“ продолжи да расте, особено откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обиде да го забрани во Америка.

Од почетокот на истражувањето за 2018-та година, водечката позиција ја имаат апликации во сопственост на „Facebook“, кои сѐ уште доминираат на ранг листата.

Апликациите на Цукерберг се рангирани меѓу првите пет, а покрај„ Messenger“ на „Facebook“, тука се и „WhatsApp“ и „Instagram“.

Минатата година, тогашниот американски претседател Доналд Трамп нареди забрана за нови преземања на „TikTok“ во САД.

Администрацијата на Трамп тврди дека апликацијата претставува закана за националната безбедност затоа што ги ставила на располагање сите податоци за корисниците на кинеските власти.

Според „ВВС“, компанијата постојано ги отфрла обвинувањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП