4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ „Saudi Aramco“ го гледа потенцијалот на водородот

И „Saudi Aramco“ го гледа потенцијалот на водородот

Саудиската државна компанија „Saudi Aramco“ гледа потенцијал во водородот и е заинтересирана за производство и извоз, изјави Амин Насер, извршен директор на компанијата. Сепак, тој додаде дека за да се реализира оваа идеја, мора да се привлечат повеќе средства.

„Се обидуваме да земеме голем дел од овој пазар“, изјави тој за новинарите.

Откако во јуни продаде дел од своите нафтоводи за 12,4 милијарди долари, саудискиот гигант во моментов бара инвеститори за својата гасна мрежа, објави агенцијата, повикувајќи се на свои извори.

Во оваа фаза, компанијата одби да коментира, но Насер потврди дека се анализираат можностите за други зделки за кои веќе се преговара.

Според „Reuters“, „Saudi Aramco“ се обратила до банките за да помогнат во продажбата на гасната инфраструктура.

Агенцијата додаде дека нафтените гиганти во Заливот почнаа да планираат да го зголемат својот капитал со продажба на дел од нивните средства, потпирајќи се на високите цени на нафтата, што привлекуваат странски инвеститори. Компаниите во Абу Даби беа први во овој поглед.

Земјите во Европа и Северна Америка бараат начини за производство на водород со ниска емисија за да се намалат емисиите на јаглерод и да се помогнат во борбата против климатските промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП