23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНе се само пријатели – Анистон и Швимер тајно се гледаат

Не се само пријатели – Анистон и Швимер тајно се гледаат

Џенифер Анистон и Дејвид Швимер, наводно, често се заедно кај неа дома каде таа му готви вечери, а се шпекулира дека романсата конечно се разгоре по долги години.

Џенифер (52) и Дејвид (54) се колеги и добри пријатели уште од снимањето на серијата „Пријатели“, серија што се прикажуваше десет години. Иако Џен и Дејвид никогаш не биле во врска, на сите присутни на снимањето им било јасно дека има силна привлечност меѓу нив.

„Во еден момент и двајцата чувствувавме нешто, но едниот од нас секогаш беше во врска, така што никогаш не ја преминавме таа граница. Го почитувавме тоа“, изјави Дејвид неодамна како одговор на коментарите дека постоела хемија меѓу нив.

Тие ја пренесоа целата страст во љубовната врска на ликовите што ги глумеа, бидејќи вистинската врска не била изводлива.

По снимањето на специјалната рејунион-епизода, почнаашпекулациите дека омилените актери конечно се во врска и во реалниот живот.

По емитувањето на епизодата, стана јасно дека сеќавањето на минатото кај двајцата предизвикало чувства и дека хемијата што треба да ја потиснат сè уште е присутна. Почнаа да се допишуваат меѓусебно веднаш по снимањето, а минатиот месец Дејвид полета од својот дом во Њујорк за да ја види Џен во Лос Анџелес, пренесува „Индепендент“.

Наводно, Дејвид поминува многу време со Џенифер, која му готви вечери и тие добро се забавуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП