25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 нешта кои треба да ги примените за да го намалите холестеролот

5 нешта кои треба да ги примените за да го намалите холестеролот

Холестеролот и триглицеридите се масти без кои нема живот, но кога во крвта ги има во големи количини може да настане проблем.

Ви предложуваме 5 ефикасни совети за доведување на нивото на холестерол во нормала.

1. Намалете го внесот на масти од животинско потекло (сувомеснати производи, полномасно млеко, масно месо) и хидрогенизирани масти (готови јадења, слатки печива и колачи).

2. Занимавајте се со физичка активност, особено аеробна (пешачење, трчање, возење велосипед, пливање).

3. Не заборавајте на овошјето и зеленчукот. Препорачливо е да изедете барем еден оброк овошје и зеленчук дневно.

4. Контролирајте го притисокот. Наталожувањето на холестеролот во артериите го зголемува крвниот притисок, а тоа го зголемува ризикот од инфаркт.

5. Избегнувајте стрес и најдете време за опуштање. Непрекинатата изложеност на стрес е штетна за здравјето и кардиоваскуларниот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП