Во продавниците има огромен спектар на шампони – за сува коса, за мрсна, за волумен, за нормална и други видови. Рекламите се ефектни и ветуваат дека само со едно миење ќе се преобразиме во топ-модел. Видете кои се 10-те најпродавани брендови во светот:
10. „T / Gel“.
Производител е „Neutrogena“, која е во сопственост на „Johnson & Johnson“. Тоа е медицински шампон и се препорачува кај псоријаза, првут и други кожни проблеми.
9. „Kerastase“.
Овој шампон е произведен од „L ‘Oreal Group“. Пуштен е на пазарот во 1964-та година. Првично се продава само во Франција, но брзо се шири низ Европа. Во 1990-та година влегува на пазарот во Јапонија, а во 1999-та година во Северна Америка. Се смета за луксузен шампон.
8. „Selsun Blue“.
Ова е шампон против првут. Сопственост е на „Sanofi Aventis“.
7. „Neutrogena“.
Ова е сестринска фирма на „Johnson & Johnson“. Компанијата е основана во 1930-та година под името „Natone“ од Емануел Столароф. Се продава во повеќе од 70 земји и има големи филијали во Канада, Велика Британија, Индија и Јужна Кореја.
6. „Herbal Essences“.
Сопственост е на „Clairol“, која пак е сестринска фирма на „Procter & Gamble“.
5. „Garnier“.
Марката е сопственост на „L ‘Oreal Group“. Самата „Garnier“ е основана во 1904-та година под името „Laboratoires Garnier“. Купена е од францускиот гигант во 70-тите години. Произведува и многу други козметички производи, покрај шампоните.
4. „Suave“.
Производството на овој бренд започнува во 1937-та година. Првично е тоник за коса. Во 70-тите компанијата е купена од „Helene Curtis Industries Inc“. Тие прават уште и дезодоранси, сапуни, лосиони и други средства.
3. „Pantene“.
Марката е сопственост на „Procter & Gamble“. За прв пат се произведува во 1947-та година во Швајцарија под брендот „Hoffman LaRoche“. Името доаѓа од една од состојките во шампонот – пантенол.
2. „Sunsilk“.
За прв пат се произведува во Англија во 1954-та година. Брендот е во сопственост на „Unilever“. Се продава во 69 земји во светот, како е водечки во Аргентина, Боливија, Бразил, Индија, Пакистан, Тајланд и други.
1. „Head & Shoulders“.
Секоја минута во светот се продаваат 110 шампони од овој бренд или 29 милиони парчиња годишно. Сопственост е на „Procter & Gamble“. За прв пат се произведува во САД во 1961-та година. Има 9 варијации во зависност од типот на коса