19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДејв Батиста: „Нож во грб 2“ ќе биде уште подобар од оригиналот

Дејв Батиста: „Нож во грб 2“ ќе биде уште подобар од оригиналот

Дејв Батиста смета дека Knives Out 2 („Нож во грб 2“) ќе биде дури и подобар од оригиналот.

52-годишниот актер ќе глуми во продолжението на крими-трилерот во режија на Рајан Џонсон и посочи дека филмот на „Нетфликс“ ќе го подигне нивото со своите шарени ликови и возбудлива приказна.

„Навистина мислам дека ќе биде исто толку добар, ако не и подобар, од првиот. Секогаш се плашам да го кажам тоа, бидејќи не сакам никој да се навреди кога велам дека ќе бидеме подобро, но навистина го мислам ова.

“Мислам дека ликовите се многу пошарени, многу поразлични и луѓето ќе го видат ова.“

Тој во претстојниот филм ќе му се придружи на Даниел Крејг како детектив Беноа Блан и на ново-регрутираните sвезди Едвард Нортон, Кејт Хадсон и Лесли Одом Џуниор во тимот, а Дејв откри дека неговите колеги го оставиле хипнотизиран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП