29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Форбс“: Ријана и официјално е милијардерка

„Форбс“: Ријана и официјално е милијардерка

Нето богатството на поп-sвездата Ријана се проценува на 1,7 милијарди долари, што ја прави најбогата музичарка во светот, но нејзината музика не е примарен извор на нејзиното богатство, објави престижниот магазин „Форбс“ во средата (4 август).

Пејачката родена на Барбадос, чиешто родено име е Робин Фенти, црпи 1,4 милијарди долари од богатството преку својот удел од 50 проценти во козметичката линија „Фенти бјути“.

Остатокот од богатството на Ријана доаѓа од нејзиниот удел во компанијата за долна облека „Севиџ икс фенти“ и нејзиниот приход како пејачка и актерка, пишува списанието.

Компанијата за убавина на Ријана, чија втора половина ја поседува LVMH, е позната по својата широка палета од 50 тонови за кожа, вклучувајќи темни нијанси за афроамериканки, кои беа ретки кога беше лансирана во 2017 година. Ова ја направи лидер во инклузивноста во индустријата.

Пејачката најпозната по хитовите Umbrella и Love The Way You Lie го зазема второто место зад Опра како најбогата жена забавувач, објави „Форбс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП