29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВидеосимулација која никого нема да остави рамнодушен: Погледнете ги 4 милијарди години...

Видеосимулација која никого нема да остави рамнодушен: Погледнете ги 4 милијарди години од еволуцијата на Земјата во четири минути(ВИДЕО)

Компјутерски научник и уметник создаде приказна за еволуцијата на Земјата во неверојатно видео кое милијарди години трансформација на површината на Земјата, успева да го сумира во четири минути симулација која нема да остави никого рамнодушен.

Пред околу 4,5 милијарди години, грутка растопена карпа започна да се формира во Сончевиот систем во планетата која денес ја нарекуваме наш дом. Милијарди години еволуција ја претворија оваа стопена карпа во сина и прекрасна планета, каква што астрономите во вселената сеуште не нашле иста егзопланета.

Сите овие незамисливи години на трансформација и еволуција на Земјата ги спои уметникот и компјутерски научник Дејвид А. Робертс во еволутивна приказна во форма на волшебно видео.

Епската приказна започнува со многу жешка и исполнета со кратери протопланета која допрва треба да се формира во стабилно планетарно тело, и завршува со светли зраци што зрачат од континентите на денешната Земја и укажуваат на тоа дека некогаш усвитениот камен свет сега е населен со луѓе и многу флора и фауна.

По воведот во раната Земја, темпото се забавува до циклус помеѓу денот и ноќта, теренот се фиксира бидејќи тектонските движења стануваат незабележливи. Наскоро ноќта открива незабележани шеми на светлина додека луѓето полека ја колонизираат површината на планетата, ја опишува Робертс својата работа со зборови.

Робертс ја направи симулацијата користејќи GLSL фрагменти шејдери, кои се дел од графичкиот програмски јазик Open GL.

Тој всушност бил заинтересиран за симулации долго време, а инспирацијата за планетарната еволуција ја добил откако ја открил компјутерската игра SimEarth од 1990 година, која е дел од серијата Sim на Internet Archive.

Sim Earth имаше многу амбициозна премиса за симулирање планети како Земјата, од почетокот до далечната иднина, но беше многу ограничена од компјутерскиот хардвер од тоа време, па решив да видам дали можам да создадам нешто слично користејќи ја моќта на модерните графички процесори, вели Робертс.

Всушност, јас прво сакав да направам мини компјутерска игра која ќе овозможи интерактивна промена на теренот за да видам како овие промени влијаат на симулираната клима и екологија. Дури подоцна развив визуелна историја која прави се автоматски, бидејќи сфатив дека е полесно разбирливо за другите луѓе, додава Робертс.

Му беа потребни неколку месеци да ја создаде симулацијата, па дури и се пријави на еден конкурс во 2018 година.

Претпоставувам дека мојата цел беше да им помогнам на луѓето да видат од прва рака колку се поврзани различни земјини системи, бидејќи промените во едниот влијаат на новите промени во другиот. Ми се чини дека едукацијата е многу поефикасна ако луѓето самите разберат како функционираат сите овие работи заедно, наместо едноставно да им се пераскаже за она што постои научен консензус, вели Робертс.

Иако не го постигна нивото на интерактивност кое го сакаше со таа симулација, Робертс вели дека тоа би можел да го стори некаде во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП