25 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИАлкалоид АД Скопје продолжува со одлични резултати, раст на приходите и добивката

Алкалоид АД Скопје продолжува со одлични резултати, раст на приходите и добивката

Алкалоид АД Скопје, во периодот јануари-јуни 2021 година оствари позитивни финансиски резултати, искажани во неревидираните единечен и консолидиран биланс на успех.

Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари-јуни 2021 година изнесуваат 5.063.282 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат раст од 3%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 95%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2020 година бележат раст од 1%.

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари-јуни 2021 година изнесуваат 6.453.784 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат раст од 3%. Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество, 97%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2020 година бележат раст од 3%.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари-јуни 2021 година изнесуваат 4.407.068 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат раст од 2%.

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари-јуни 2021 година изнесуваат 5.772.482 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат раст од 2%.

На 5 април 2021 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2020 година, во износ од 572.541 илјади денари, односно 360 денари нето за една акција.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-јуни 2021 година изнесуваат 524.114 илјади денари.

Вкупните консолидирани обврски по основа на кредити на 30.06.2021 година изнесуваат 1.644.254 илјади денари.

Во периодот јануари-јуни 2021 година во „Алкалоид“ се реализирани 121 нови вработувања во Р.С.Македонија. Со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, во март 2021 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од 100 % од просечната исплатена нето-плата од работник во претходните три месеци во Р.С.Македонија. Исплатениот надомест од вработен е во износ од 31.167 денари бруто, односно 28.050 денари нето. Групацијата „Алкалоид“ брои 2.479 вработени, од кои 1.909 се во базата во Скопје, а 570 се вработени во подружниците во странство.

Остварената единечна нето-добивка во периодот јануари-јуни 2021 година изнесува 588.962 илјади денари и во споредба со остварената во 2020 година бележи зголемување за 12%.

Остварената консолидирана нето-добивка во периодот јануари-јуни 2021 година изнесува 583.524 илјади денари и во споредба со остварената во 2020 година бележи зголемување за 14%.

Бизнис-план за 2021 година

Бизнис-планот за 2021 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на Седницата одржана на 29.12.2020 година, предвидува инвестирање на околу 12% од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од 7% на консолидираните продажби во однос на 2020 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2020 година. Бизнис-планот за 2021 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2021 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизниспланот

Очекувања за претстојниот период

Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици, генерирани од пандемијата на КОВИД-19. Презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото. Во претстојниот период, врвен приоритет и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност, на финансиската стабилност и остварување на планските цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП