3 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБлагој Ѓорев“ со раст на извозот

Благој Ѓорев“ со раст на извозот

blagoj

Производниот  капацитет за преработка на маслодајни семиња “Благој Ѓорев” АД од Велес  веќе трета година по ред извезува поголем асортиман од своите производи во Косово, а од минатаа година и во Босна. Се пласира добро познатото масло за јадење Кристал, повеќе видови на маргарини како и други производи од широкиот  асортиман на оваа македонска компанија. „Благој Ѓорев“  успешно опстојува на македoнскиот пазар веќе 90 години,  има производствен капацитет за преработка на повеќе од 50.000 тони маслодајни семиња годишно, процентот на искористување во моментов е нешто над 10%.  Се откупува сончоглед исклучиво од македонските сончогледови полиња,  со што оваа компанија дава значаен придонес  во одржувањето на оваа земјоделска гранка.

maslo„Извозот во Косово и во Босна е од големо значење, бидејќи ни овозможува порентабилно искористување на нашите капацитети кои се многу поголеми во однос на она што во моментов го произведуваме. Нашите планови не запираат само на овој пазар, но ова за нас е некоја сигурност и потврда дека можеме да бидеме конкурентни со квалитет и да се пробиеме и на други пазари.  Зголемениот извоз значи  можност за зголемување на обемот на производство, порентабилно производство , одржување и подобрување на квалитетот на нашите производи. Целосно го имаме имплементирано ISO 9001:2000 стандардот , а сме во завршна фаза и на воведување на Халал стандардот со кои активности сакаме да го подобриме квалитетот на нашите производи, да го стандардизираме и со тоа да ја задржиме довербата на потрошувачи.

Маргаринот и маслото „Кристал“ се нашите знаменосци, производи со кои израснаа повеќе генерации, на што сме посебно горди. Компанијата „Благој Ѓорев“ е дел од  македонската традиционална кујна долги години наназад и усеавме да стекнеме доверба кај потрошувачите, па така нашите производи станаа нивниот прв избор при подготoвка на вкусни специјалитети, незаменлив дел при подготвување на зимниците..а што ние се надеваме дека ќе продолжи и во иднина“ изјави г. Горан Лазов Генералниот Директор на Благој Ѓорев.

margarin„Благој Ѓорев“ како фабрика за масло работи од 1923 година до 1999 година кога е трансформирана во Прехрамбена индустрија поради широкиот асортиман на прехрамбени производи во сопствено производство. Покрај производството на рафинирано масло, маргарин и други тврди масти оваа прехранбена индустрија произведува оцет и кондиторски производи и тоа следејќи ги актуелните законски регулативи и имплементирајќи го HACCP системот. Кристал е избран за супербренд во 2013/2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП