25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 28.07.2021

Дневен хороскоп 28.07.2021

Овен (21.03 – 20.04)

Вие сте упорни и истрајни и покрај падовите и проблемите кои ги носите на грбот. Денес сами ќе си ја подобрите ситуацијата така што ќе завртите нов лист во кој ќе нема место за нервоза. Енергијата побарајте ја во дружењето со саканите лица.

Бик (21.04 – 21.05)

Ги препознавате приликите на секој чекор, се чувствувате сакани и уживате во емоциите кои доаѓаат од сите страни. Не смеете да дозволите ниту еден момент да пројде без одлучна акција. Посветете им се на високите цели.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Чувствувате лесна стагнација или потреба психички да се растеретите од наталожените обврски. Во љубовнот живот ви годи присуството на партнерот, се чувствувате возбудено и заљубено. Уживајте во заедничките моменти.

Рак (22.06 – 22.07)

Ситуацијата на работното место наеднаш ќе се промени на подобро. Ќе почувствувате голема поддршка и олеснување. Некој повторно ќе се обиде да ви го замати планот, но конечно ќе откриете кој бил тој. Во вечерните часови приклучете и се на забавата на вашето друштво.

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе ве следат добри и среќни моменти. Ќе бидете задоволни со учинокот и ќе слушенете добри вести. Ќе бидете осетливи на туѓите провокации па затоа избегнувајте ги непријатните лица.

Девица (23.08 – 22.09)

Цел ден ќе ве следи одличното чувство, па на крајот од денот и ќе искусите нешто убаво. Заборавете на ситните грижи кои ве оставаа без сон. Подигнете ја главата и ќе забележите дека не е се така црно.

Вага (23.09 – 22.10)

Време е да се ослободите од заостанатите финансиски прашања. Се додека не го направите тоа, нема да ви тргне на подобро. Во љубовта конечно ќе ги увидите вредностите на саканото лице.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Полни сте со самодоверба. Искористете ја за остварување на деловните цели. Зрачите со позитивна енергија, а припадниците на спротивниот пол тоа го забележуваат. Одличен ден за вас.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Очекувајте помош од своите соработници со кои генерално имате добар однос. Пред вас е поволен ден. Во љубовта работите ќе бидат стабилни, слободните ќе запознаат некој од знакот на Рак.

Јарец (22.12 – 20.01)

Сјајно ви оди во друштвото, па затоа не бидете сами ниту денес. Договорете некој заеднички ручек или вечера со лицата кои ви се драги. Здравјето ви е солидно, но недоволно сте физички активни. Направете нешто околу тоа.

Водолија (21.01 – 19.02)

Доколку планирате започнување на приватен бизнис, ве очекува многу поволна атмосфера за тоа. Слободните денес лесно можат да влезат во нова врска, оние во брак ќе бидат во одлични односи.

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекува важен ден на деловното поле, денес ќе бидете презафатени. Од работата денес ќе немате време за љубов, па малку ќе го запоставите партнерот, ниту слободните немаат некои шанси за нови познанства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП