29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКан: Спајк Ли предвреме откри дека „Титан“ ја освои „Златната палма“

Кан: Спајк Ли предвреме откри дека „Титан“ ја освои „Златната палма“

„Титан“, имагинарен филм за сериски убиец, во режија на Французинката Жулија Дукурно, ја освои главната награда „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал, како што откри предвреме шефот на жирито Спајк Ли во гаф на свеченоста во саботата.

Во момент на конфузија кога на француски јазик го прашаа да открие која е една од наградите, американскиот филмски режисер прочита картичка и предвреме го прогласи добитникот на наградата за најдобар филм.

„Нема изговори, оплескав“, рече Ли на прес-конференција по настанот. „Јас сум голем љубител на спортот, тоа е како играч на крај на мечот на фаул- линија да промаши слободно фрлање или да промаши удар.“

„Ројтерс“ потсетува дека ова не е прв гаф на церемонија на доделување награди: на „Оскарите“ во 2017 година, мјузиклот La La Land („Ла ла ленд“) беше погрешно прогласен за најдобар филм, наместо Moonlight („Месечина“).

Режисерката Дукурно (37) претходно имаше критички успех со Raw во 2016 година. Пред Дукурно (37), единствената жена што ја освоила престижната Palme d’Or за најдобар филм беше Џејн Кемпион од Нов Зеланд, која победи во 1993 година со филмот The Piano.

Најголемиот светски филмски фестивал се врати на француската ривиера по паузата во 2020 година во еден од најнепредвидливите натпревари во последните неколку години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП