25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМет Дејмон пропуштил 374 милиони долари со тоа што не глумел во...

Мет Дејмон пропуштил 374 милиони долари со тоа што не глумел во „Аватар“

Мет Дејмон би заработил 374 милиони долари доколку не ја пропуштил шансата да глуми во „Аватар“.

Режисерот Џејмс Камерон на 50-годишниот актер му понудил десетина од заработката на филмот за да го портретира Џејк Сали во научно-фантастичниот еп од 2009 година, кој заработи 2 милијарди фунти на киноблагајните и стана филм со најголема заработка на сите времиња – а sвездата на „Борнов идентитет“ го чини богатство.

Говорејќи на Канскиот филмски фестивал, Мет откри: „Ми понудија мал филм наречен Аватар. Ќе влезам во историјата – никогаш нема да сретнете актер кој одбил повеќе пари од мене.“

Улогата заврши кај Сем Вортингтон, а Мет се пошегува дека ако ја прифател ќе имал доволно пари да испрати ракета во вселената како тајкуните Сер Ричард Бренсон и Џеф Безос.

Во најновиот филм „Стилвотер“, Мет глуми работник во нафтена индустрија кој патува во Франција за да ѝ помогне на отуѓената ќерка откако таа е обвинета за убиство. Филмот беше премиерно прикажан на фестивалот во Кан минатата недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП