26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.07.2021

Дневен хороскоп 16.07.2021

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Потребно е добро да ги процените своите мжности и да донесете сериозна одлука. Ќе се покаже дека ништо не е случајно, а вие ќе имате напредок. Рацонално користете ја својата енергија и време. Планирајте емотивна средба.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Понекогаш не можете да го добиете она што го сакате, но вашата ситуација има потенцијално корисно значење ако правилно се поставите. Ништо нема да постигнете со негација. Не бидете тврдоглави, секогаш две глави се подобри од една.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Некој не ги разбира вашите деловни идеи или поставува премногу прашања. Не им обрнувајте внимание на злонамерниците. Обидете се да не тактизирате, така и вие ќе бидете посреќни.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Колегите одлично ве разбираат и ќе бидете во центар на вниманието поради деловните потфати. Само напред и не се откажувајте од своите идеи. Парнерот ви е приврзан и ќе ви приреди убаво изненадување.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Се наоѓате во незавидна позиција и смислувате различни решенија, но некој од соработниците ќе делува поефикасно. Дадете се од себе за да бидете подобри. Партнерот ќе има различни примедби на вашето однесување. Се чини дека немате убедливо оправдување.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Оптеретени сте со различните ситуации кои ја реметат вашата концентрација. Тешко го прикривате вашето незадоволство на средбата со соработниците. Избегнувајте го принципот на емотивно казнување или ривалство.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Важно ви е да ја одложите средбата со личноста која од вас очекува конкретни одговори или одредени отстапки во деловната соработка. Делувате вознемирено поради различните дилеми, но партнерот има добра идеја и умее да ве расположи.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Делувате вешто во деловно-финансиските договори, но сепак вашите соработници не се наивни. Немојте да ги потценувте способностите на некое лице. Нема причина да ги потиснувате вашите емотивни желби, пред лицата кои добро ве познаваат.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Информациите кои некој ви ги соопштува на приватен план имаат корисно значење. Обратете внимание на различните детали во деловните преговори и на сокриените пораки. Сочувајте го оптимизмот и довербата кај својот партнер.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Би требало да се случат некои убави работи поврзани за вашиот деловен статус. Можете да очекувате премин на подобро работно место. Односите со партнерот ви се заладени.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве заморуваат ситуации во кои премногу се тактизира. Не сакате кога некој ја ограничува вашата слобода и активност. Со партнерот не започнувајте чувствителни теми кои водат кон расправија.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Направивте се што е во ваша моќ но не можете да ја промените ситуацијата на деловна сцена. Почекајте малку ќе дојдат и вашите пет минути. Постојат ситуации кога е тешко да го опишете причинителот или последицата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП