28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТотално различна! Претставена новата „Opel Astra“ (ФОТО/ВИДЕО)

Тотално различна! Претставена новата „Opel Astra“ (ФОТО/ВИДЕО)

Германскиот производител „Opel“ ја претстави новата, шеста генерација на еден од најпопуларните модели – „Astra“. Хечбекот развиен во Риселхајм целосно ја прекинува врската со „General Motors“, изграден на модуларната платформа „EMP2“ на концернот „Stellantis“.

Поради новата архитектура, отпорноста на торзото на телото е зголемена за 14%. Должината на автомобилот е поголема за 4 mm (до 4.374 mm) од претходната генерација, но поради скратениот преден дел, растојанието помеѓу двете оски е за 13 mm поголемо (2.765 mm), што значи дека е идентично на оној на „Peugeot 308“. Багажникот има волумен од 422 литри – 10 литри повеќе од францускиот модел.

Дизајнот на новата „Opel Astra“ е изработен во истиот дух како оној на кросоверите „Mokka“, „Crossland“ и „Grandland“. Импресионира со матричната оптика од најновата генерација „Intelli-Lux“ со 168 „LED“ диоди, што е исто како и ажурираниот „Grandland“. Задните светла се исто така нови.

Салонот се потпира на целосно дигитален кокпит „Pure Panel“, кој се состои од пар 10-инчни дисплеи. Со доплата, стандардните седишта можат да се заменат со спортски или специјални, кои се карактеризираат со висока удобност.

Опсегот на мотори за моделот сè уште не е откриен, бидејќи се известува само дека тој вклучува бензински и дизел агрегати, чија моќ варира од 110 до 225 ks. Комбинирани се со 6-брзински мануелен или 8-степен автоматски менувач.

Ќе има две хибридни верзии (PHEV), со послабата комбинација на 1,6-литарски бензински мотор со 148 ks и електромотор со моќност од 109 ks. Вкупната моќност е 178 ks. Помоќната хибридна верзија се потпира на 1,6-литарски бензински мотор со моќност од 178 ks и истиот електричен мотор со 109 ks, моќноста на погонскиот систем е 221 ks. Батеријата во обете верзии е со капацитет од 12,4 kW/h, обезбедувајќи домет од 50 km.

Новата „Astra“ ќе добие и главен дисплеј, полуавтономен систем за управување со „Intelli-Drive 2.0“, адаптивен круз-контрол со функција „stop&go“, систем на камери за видео надзор, функција за препознавање на знаци на патот, како и како што се нуди целата безбедност кај новите модели на „Opel“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП