24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвошје кое го „чува“ стомакот

Овошје кое го „чува“ стомакот

Австралиска нутриционистка вели дека ова овошје ќе ве поштеди од проблемите со варењето…

Нутриционистката Ребека Готорн вели дека крушките го одржуваат здравјето на цревата и стомакот.

„Комбинацијата на влакна и природни шеќери во сорбитол и фруктозатa во крушките, му помагаат на системот органи за варење да биде здрав и спречуваат констипација“, вели таа.

Таа предложува ова овошје особено да го јадете кога патувате некаде на одмор, а особено ако патувате во друга времeнска зона, па се менува и времето кога јадете, што е голем стрес за цревата и варењето, па доведува и до констипација.

„Но не станува збор само за констипација! Здравиот систем на органите за варење ќе ви помогне да се чувствувате подобро и да имате повеќе енергија. Исто така му помага на телото да апсорбира нутриенти од храната и да го зајакне имунитетот“.

Крушките се на врвот, меѓу овошјата кои содржат најмногу хранливи влакна, а тоа е многу важно бидејќи патувањата можат малку да го ослабат имунолошкиот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП