19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ7 причини зошто чајот од ѓумбир треба да стане дел од вашето...

7 причини зошто чајот од ѓумбир треба да стане дел од вашето секојдневие

Неговата подготовка е едноставна, а постојат најмалку 7 причини зошто чајот од ѓумбир треба да стане дел од вашето секојдневие.

Потребни состојки:

Парче свеж ѓумбир

1 литар вода

3-4 лажици мед

1 лимон

Подготовка:

Излупете го ѓумбирот и исечкајте го на тенки парчиња. Ставете ги парчињата во тенџере и прелијте ги со топла вода.

Ставете ја водата да се вари околу 15-20 минути.

Тргнете го од оган и оставете ги парчињата да отстојат уште 5 минути. Прецедете ја течноста, засладете ја и додајте го лимонот.

Причини зошто уште денес да сварите чај од ѓумбир:

-Го зајакнува телото и имунитетот.

-Го забрзува оздравувањето ако сте настинати.

-Ги смирува мачнините во желудникот.

-Позитивно влијае на нервниот систем.

-Ја поттикнува работата на цревата и го намалува чувството на надуеност.

-Ја поттикнува циркулацијата.

-Го топли организмот подобро од било кое ќебе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП