17 мај, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕЈаболков оцет: За здрава кожа, сјајна коса и добро варење

Јаболков оцет: За здрава кожа, сјајна коса и добро варење

Јаболковиот оцет не е само добар додаток за салатите, туку е многу корисен и за употреба во различни цели.

Тонер за лице. Откако ќе ја исчистите кожата, користете јаболков оцет за отстранување на остатокот од шминка. Натопете памук во оцет и пројдете со него преку лицето, а потоа измијте го.

Ги подобрува резултатите при физичка активност. Додадете мала количина на оцет во водата и испијте го по вежбањето со цел да го победите заморот. Амино киселините во оцетот делуваат како противотров за млечната киселина која се таложи во телото и предизвикува замор и болка во мускулите.

Го подобрува варењето. Помешајте две лажици оцет со вода и една лажица свеж ѓумбир. Испијте ја мешавината за да ги ублажите стомачните проблеми.

Спречува миленици да ги гризат каблите. Ако вашите миленици сакаат да играат со каблите, намачкајте ги со оцет и така ќе ги одвикнете од таа активност.

Го запира икањето. Неколку капки оцет и икањето ќе запре веднаш.

Го отстранува здивот од устата. Помешајте половина лажица оцет со малку вода и мучкајте го во устата 10 секунди.

За сјајни локни. Ставете малку оцет на косата откако ќе ја измиете со шампон и измијте ја со ладна вода.

Ги отстранува црвените точки и ја лекува кожата. Јаболковиот оцет има антибактериски својства и неговото користење во вид на тоник и помага на кожата да го задржи pH балансот и да биде здрава. Можете да го додадете и во вашата купка за да ги исчистите токсините од кожата на телото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП