29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 10-11.07.2021

Викенд хороскоп 10-11.07.2021

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Полни сте со сила и оптимизам во борбата со проблемите. Ги совладувате сите предизвици. Бидејќи се чувствувате и повеќе од фантастично, потрудете се оваа состојба да потрае подолго. Не оптеретувајте се со глупости и не планирајте однапред ништо. Слушајте ги соработниците, тие ќе ви помогнат онаму каде што ќе заглавите.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Засилената енергија е комбинирана со пречувствителни реакции, па лесно ќе бидете во ситуација да заплачете. Се советува да не губите глава и да не паничите, туку разумно да ги согледате своите позиции. Опасноста од повреди исто така постои, но со разумно и сталожено однесување, успешно ќе ги елиминирате.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Некои пари кои сте ги очекувале би требало да пристигнат. Спротивниот пол ќе покажува зголемено интересирање за вас. Искоритете ја добрата соработка со некоја Девица, и профитирајте. Ве очекува некакво непријатно изнендување, бидете подготвени на се.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе бидете многу трпеливи, истрајни. Свесни сте дека до целта можете да дојдете само полека, но сигурно. Се што сте замислиле бара од вас штедење. Тоа нема да ви биде тешко со оглед на тоа дека ги сакате парите.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Одредете приоритети и придржувајте се строго кон нив. Љубовниот партнер ќе покаже иницијатива во важните прашања, а вие не бидете тврдоглави и прифатете. Оставете ја малку работата настрана, погрижете се за приватниот живот кој ви стагнира.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Вашето однесување ќе делува врз расположението на најблиските. Некои од вас ќе ја обноват, а други ќе ја раскинат моменталната деловна соработка. Можно е да има и некоја промена во вашиот поглед кон бракот и пријателството. Би можеле да посакате нешто забрането. Љубовниот партнер ќе ве поттикне на акција. Во секој случај ве очекува среќа.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Овие денови ќе бидете во ситуација да повлекувате правилни потези и да донесувате успешни заклучоци. Занимавајте се со работа поврзана за договори, учење и се што има врска со јавноста. Успехот е очигледен. Ви претстои можност за одлична соработка со некој Рак.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли. Не можете да избегнете нервоза и покрај тоа што сте урамнотежени. Доколку размислувате за патување ќе ви биде полесно.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Одредени работи никако да тргнат, а вашата кариера има еден неизвесен тек, вас сеуште ви стои некој проект, работа или задача во која секојдневно можете и морате да се докажете. Потрудете се околу тоа.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Наредниот период ќе функционирате под влијание на значајни промени. Тие ќе бидат добри или лоши во зависност од заслугите. Не сте работно насочени. Свртени сте кон поубави нешта, така што работата е во застој. Слабата меморија не би требало да ве загрижува.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Викендот ќе ви донесе многу изненадувања. Ако можете, излезете порано од работа и обидете се да го минете денот како што сакате. Ако пак не можете да ги одложите обврските, завршете ги порано, за подоцна да можете да се забавувате.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Ако сте заљубени, ве чека прекрасен викенд. Партнерот по секоја цена ќе се обиде да ве заведе и притоа нема да бира ниту начин нити средства. Слободните ќе размислуваат за својата иднина, но препорачливо е да не брзаат со своите одлуки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП