24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Volkswagen“ го претстави најмоќниот караван во историјата (ФОТО/ВИДЕО)

„Volkswagen“ го претстави најмоќниот караван во историјата (ФОТО/ВИДЕО)

„Volkswagen“ го претстави „надуениот“ караван „Golf R Variant“, кој ги комбинира сето најдобро што го нуди „хот-хечот“ со практичноста на семејниот автомобил, главно поради просторот во кабината и големиот багажник.

Волуменот на товарниот простор варира од 611 до 1.642 литри во зависност од положбата на задните седишта. Производителот обезбеди куки за обесени торби, мрежи за багаж и простор за полнење, а просторот за нозе на патниците од вториот ред сега е поголем благодарение на зголеменото растојание помеѓу двете оски.

Сè друго е практично пренесено од моќниот „Golf R“, вклучувајќи 2.0-литарски бензински турбо-мотор. Тој е со 4 цилиндри и развива 320 ks и 420 Nm вртежен момент, што го прави автомобилот најбрзиот караван во историјата на „Volkswagen“. Моторот работи со 7-степен автоматски менувач со двојна спојка и системот „4Motion“ за погон на четири тркала.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h во „надуениот“ караван трае 4,9 секунди, што е за 0,2 секунди побавно од истоимениот хечбек. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h, но при нарачката на пакетот „R Performance“, кој вклучува 19-инчни тркала и два дополнителни режими – „Special” и „Drift”, па автомобилот веќе развива 270 km/h.

Како хечбекот, караванот исто така добива нов погон на четири тркала што го заменува стариот „Haldex“, што овозможува вртежниот момент да се дистрибуира не само помеѓу предните и задните оски, туку и помеѓу задните тркала кога е потребно. Самата суспензија е намалена за 20 mm во споредба со стандардната верзија, а вкочанетоста на пружините и амортизерите е зголемена за 10%.

Како и кај претходните верзии, новиот „Golf R Variant“ ќе биде достапен главно во Европа, а продажбата започнува кон средината на август на пазарите во Германија, Велика Британија и Швајцарија. Цените сè уште не се објавени, но хечбекот започнува од 49.400 евра, што значи дека караванот ќе надмине 50.000 евра, а тоа го прави најскапиот производствен „Golf“ во историјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП