„OnePlus“ е присутен на пазарот на телефони повеќе од осум години, а сега се чини дека компанијата работи и на својот таблет-уред. Сертификат од веб-страницата на „EUIPO“ открива дека „OnePlus“ сега го потврди името „OnePlus Pad“ за електронскиот уред.
„OnePlus“ е подружница на „BBK Electronics Corporation“, заедно со „Oppo“ и „Realme“. Претходно дознавме дека „Realme“ може да биде првиот од трите брендови што вклучуваат лаптопи и таблети во своето портфолио.

