27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Nissan“ ја претстави најекстремната „Navara“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Nissan“ ја претстави најекстремната „Navara“ (ФОТО/ВИДЕО)

Во средината на јуни, застапништвото на „Nissan“ во Австралија објави дека ќе лансира екстремна верзија на пикапот „Navara“ наречена „PRO-4X Warrior“. Автомобилот беше прикажан без да се навлегува во техничките детали, но сега е претставен во сета своја слава.

Подготвен да се справи со најтешките рути на австралискиот континент, пикапот беше подготвен со помош на локалната компанија „Premcar“. Машината добива суспензија прилагодена на висината, нови амортизери и пружини, како и преден браник со вградено осветлување.

Вкупно 35 вработени во „Premcar“ учествуваа во програмата „Warrior“, со искуство во создавање на друга специјална верзија на моделот – „Navara N-TREK Warrior“ во 2019-та година. Сега тие едноставно ја прилагодија истата формула на „PRO-4X“, со главни цели на проектот да се подобрат теренските способности на пикапот, да се зголемат удобноста и контролата.

Како прво, оваа „Navara“ има зголемен клиренс – од 220 на 260 mm, а страничното растојание помеѓу тркалата е зголемено од 1.570 на 1.600 mm. „PRO-4X Warrior“ добива моќен компатибилен браник, брендирани црвени заштитни елементи изработени од 3 mm дебел челик и 17-инчни тркала со гуми „Cooper Discoverer All Terrain AT3“ со димензии 275/70/17.

Најсериозните промени влијаат на суспензијата, бидејќи предните пружини се заменуваат со помеки, додека задните се повторно калибрирани. Предните амортизери имаат намалено пригушување на компресијата при мали брзини, што ја зголемува удобноста и ја подобрува јачината. Притисокот во нив е зголемен за да се омекне ударот при минување низ големи испакнатини.

И покрај сите измени, моторот на најекстремната „Navara“ не е променет. Под хаубата на „PRO-4X Warrior“ се наоѓа познатиот 2,3-литарски дизел со 190 ks и 450 Nm вртежен момент, што е комбинирано со 6-степен мануелен или 7-степен автоматски менувач и систем за погон на четири тркала.

Нејасно е дали оваа верзија на „Navara“ ќе биде достапна и на други пазари надвор од Австралија. Како што е познато, јапонскиот производител одлучи да го запре производството на пикапот во Европа и ќе ја запре продажбата на континентот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП