25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвиокомпанијa направи најголема нарачка на авиони во индустријата во последните 10 години

Авиокомпанијa направи најголема нарачка на авиони во индустријата во последните 10 години

Американската авиокомпанија „United Airlines“ објави дека извршила нарачка за купување на 270 авиони, што е најголемо купување летала во историјата на превозникот и најголема нарачка меѓу сите авиокомпании повеќе од една деценија.

Вкупната каталошка цена на нарачаните 270 авиони е околу 35 милијарди долари. Авиокомпаниите обично плаќаат само дел од тоа, а периодот сè уште не е добар за продажба на авиони, што значи дека „United“ веројатно ќе добие сериозен попуст, особено за 200-те авиони „Boeing 737 Max“, кои го сочинуваат најголемиот дел од нарачката.

Остатокот од нарачката е за 70 авиони „Airbus A321neo“.

Сепак, овој потег е уште еден знак дека авиокомпаниите на повидок гледаат опоравување од пандемијата.

Во понеделникот, „United“ ги извести своите акционери дека очекува да објави профит пред оданочување за јули, што е прв знак за профитабилност меѓу која било од најголемите авиокомпании од почетокот на пандемијата со Ковид-19.

Побарувачката за слободно патување скоро се врати на нормалното ниво, помагајќи да се зголемат цените на билетите, иако попрофитабилните службени патувања и меѓународните летови сè уште се мал дел од она што беа пред пандемијата.

„United“ ќе користи поголем дел од авионите за да замени 200 помали авиони за регионални летови со околу 50 патници, овозможувајќи и да го зголеми својот капацитет без додавање нови летови на аеродромите како Њујорк и Сан Франциско, а кои го ограничуваат бројот на полетувања и слетувања на секоја авиокомпанија.

„United“ исто така ќе замени околу 100 постари авиони со стандардна големина.

Доколку претходните нарачки на „United“, кои сè уште не се исполнети, се додадат на нарачките објавени денес, авиокомпанијата очекува 500 нови авиони во следните неколку години. Вкупно 40 од нив се очекува да бидат испорачани следната година, а 138 во 2023-та година.

„United“ исто така планира да го зголеми бројот на работни места за околу 25.000 во следните пет години. Превозникот затвори околу 22.000 работни места во минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП