27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајмалата Тесла ќе има завидна автономија и цена од 23.000 евра

Најмалата Тесла ќе има завидна автономија и цена од 23.000 евра

Новиот адут на Тесла на светскиот пазар на електрични автомобили може да ги разниша класичните автомобилски компании.

Како што објави Илон Маск минатата година, идејата за „бебето“ на Тесла е многу релевантна. Најновите информации велат дека најновиот автомобил на Тесла ќе се натпреварува со модели како што се Volkswagen ID.3 и Nissan Leaf, но со една значајна предност.

Безимениот модел ќе биде поевтин од споменатите конкуренти. И не само тоа, моделот со цената ќе се спушти уште една скала и ќе се натпреварува со автомобили како Peugeot e-208 и нему слични.

Тајната на успехот лежи во батеријата која ќе понуди до 50% пониски трошоци за производство (околу 90 eur / kWh). Во исто време, оваа батерија овозможува неколку пати поголем капацитет за складирање на енергија и до 16% поголем радиус на движење.

Според Autocar, најмалата Тесла ќе има автономија од најмалку 400 km, според WLTP стандардот, што е повеќе од основната ID.3 која нуди 350 km.

Според Маск, тоа е минималниот радиус кој би го задоволил Тесла. Врвната верзија треба да има автономија од најмалку 566 км, како што ја нуди моделот 3 со долг дострел.

Судејќи според официјалната скица, новиот модел ќе има дизајнерски сличности со Model 3, но со поизразена форма во два волумени на компактни автомобили.

И сега доаѓа најдоброто – основната цена на најмалата Тесла треба да биде околу 23.300 евра.

Единствено што сè уште не е познато е дали новиот модел ќе се произведува во Кина или во гигафабриката во Берлин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП