24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку е важен витаминот А за телото?

Колку е важен витаминот А за телото?

Витаминот А претставува многу важна хранлива материја која бара присуство на масти во исхраната со цел да се асорбира во дигестивниот тракт.

Се јавува во два облици  – ретинол, кој исклучиво се наоѓа во намирниците од животинско потекло, и каротин кој пред се може да се најде во намирниците од растително потекло.

Витаминот А е неопходен за јак имунолошки систем, како и за правилен раст и развој.

Допринесува за здравјето на очите, кожата, косата, забите и коските.

Овој витамин се покажа како јак антиоксиданс, ги ублажува запаленијата и го штити организамот од штетно дејство на слободни радикали.

Како најдобар извор за витамин А се сметаат слаткиот компир, тиквата, морковите, спанаќ, кељ, блитва, цвекло, домат, кајсии, праски, како и рибиното масло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП