
Овен (21.03 – 20.04)
Задолжително прифатете ги новите деловни можности кои ветуваат напредок, добра заработка или подобри услови. Важно е да покренете деловна иницијатива и да ги форсирате вашите барања или цели од кои не смеете да се откажете.

Бик (21.04 – 21.05)
Обидете се некои работи да ги завршите онака како што сте смислиле, како и да покренете нови случувања. Не сте успеале да доведете некоја важна деловна задача до конечната цел. Очекувајте успех на полето на работа, финансиска корист или нешто повеќе.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Динамичен викенд, опкружени сте со голем број на пријатели. Сите нешто ќе бараат од вас, дали совет или некој друг вид на внимание. На вашата врска и недостасува живот. Вратете ги романтичните моменти.

Рак (22.06 – 22.07)
Викендот ви носи многу нови работи кои ќе бидат интересни што во голема мера ќе ви го олесни донесувањето на одлуките околу кои имате некакви дилеми. Ова би можел да биде интересен викенд за повеќето претставници на вашиот знак, особено за оние кои очекуваат да им се јави некоја Водолија.

Лав (23.07 – 22.08)
Расположението ви е променливо и цело време очекувате да се случи чудо кое ќе ве извлече од монотонијата. Викендов очекувајте изненадување во врска со пат во странство или со странци. Тоа малку ќе ве разниша и ќе ви ја врати насмевката. Доколку сте осамени, се наоѓате во ситуација да избирате, но не знаете што сакате.

Девица (23.08 – 22.09)
Нагасено е астролошко поле за странство и кариерата поради кое ќе бидете најверојанто подготвени да влезете со голема страст во новите деловни аранжмани. Месечината во Лав ви одговара кога станува збор за некој нов проект во рамките на партнерските односи и тоа добро платен. Ќе бидете повеќе од задоволни.

Вага (23.09 – 22.10)
Некое неисполнето ветување ќе ве демотивира и тоа на непријатен начин. Не обидувајте се да ја отфрлите одговорноста. Најдобра вистинска реакција ќе биде да си ја признаете грешката со насмевка и да се потрудите да ја поправите.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Кратко патување и маргинална службена манифестација. Ќе имате недостаток на време, но тоа нема да предизвика речиси никакви емоции, освен можеби блага досада. Но, бидете спокојни – тоа ќе трае кратко, па така ќе имате време и за вас.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Речиси во текот на целиот викенд ќе треба да се занимавате со решавање на домашни или семејни проблеми. Конфликтите ќе бидат помеѓу вашите најблиски па сакале или не, и вие ќе бидете вклучени во нив. Тешко дека ќе остане смирени, барем обидете се да ги средите работите.

Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе морате да вложите дополнителен напор со цел вашиот социјален или љубовен живот да ги направите поинтересни. За вас љубовта и емотивното остварување се важни, па зaтоа ќе морате да го дадете својот максимум.

Водолија (21.01 – 19.02)
Ви претстојат нови обрвски и ќе морате повеќе да се ангажирате околу некои драги или блиски лица. Во љубовниот однос работите можат да се искомплицираат, ако на време не ги одредите своите приоритети и не расчистите со погрешните илузии.

Риби (20.02 – 20.03)
Вашата околина има исклучително важно и позитивно мислење за вас, ќе добиете поддршка и одредени олеснувања. Размислете и за поврзување на деловните и приватните интересни, како добар модел на успех за подолг временски период.