6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВнимавајте: Ова често им го давате на децата, а предизвикува сериозни заболувања

Внимавајте: Ова често им го давате на децата, а предизвикува сериозни заболувања

Салмонела, ешерихија коли, мачнина, акутно откажување на бубрезите, па дури и смрт…

Колку пати кога мешате некои колачи сте ја пробале живата смеса или сте му ги дале на детето лажиците да ги излиже? Веруваме дека ова речиси секој пат ви се случува.

Меѓутоа, тоа никако не смеете да го правите. А еве и зошто…

Докторката Келеј Нилон потврди дека од јадењето на сирова смеса можеме многу да се разболиме.

„Јајцата и некои други состојки за колачи можат да содржат салмонела, ешерихија коли, која може да предизвика акутно откажување на бубрезите, па дури и смрт“, вели докторката.

Нормално, ова се екстремни случаеви, но, како што вели Келеј Нилон, никогаш не знаете кога токму на вас или вашето дете може да му се случи.

Таа истакнува дека внимание особено треба да обрнат трудниците, старите лица, адолесцентите, децата и лицата со слаб имунитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП