28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТонкица Митровска, Јовица Михајловски и Трајче Величковски – добитници на почесните награди...

Тонкица Митровска, Јовица Михајловски и Трајче Величковски – добитници на почесните награди на „Златна рамка“

„Златна рамка“ е манифестација на филмаџиите, на публиката. Три години по ред Друштвото на филмски работници доделува почесни награди за најдобар филмски автор, актер и филмски работник.

Добитник на почесната награда за филмски автор на годината е Тонкица Митровска, дипломиран графичар и претставува една од првите автори кои работат на анимиран филм во Македонија.

Почесна „Златна рамка“ за филмски работник е доделена на Трајче Величковски, човекот кој ја има најценетата позиција како сценски работник, односно техничко лице кое е во тесна соработка со директорите на фотографија. Во изминатата декада работи на најголемите македонски филмски проекти.

Јовица Михајловски, еден од актерите кои има изиграно најмногу улоги во македонските филмови низ овие три децении e добитник на почесна „Златна рамка“ за филмски актер.

Почесните награди ќе им бидат врачени на официјалната церемонија за доделување на „Златна рамка“ која ќе се одржи во сабота, 26.јуни.

„Златна рамка“ годинава се одржува по трет пат, во период од 25 до 27 јуни во МКЦ и Кинотека на С.Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП