Вечерва свечено отворање на 42-рото издание на манифестацијата „Скопско лето“.
Организаторите информираат дека на првиот ден на летото и светскиот ден на музиката „Fete de la Musique“, вечерва, 21-ви јуни, манифестацијата ќе се отвори со операта без зборови насловена „Од оркестарот за публиката“, којашто ќе се одржи во Салонот на Националната опера и балет, а ќе биде со почеток во 21:00 часот.

