2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAcer го менува Windows со Android и Chrome OS

Acer го менува Windows со Android и Chrome OS

acer

Tајванскиот производител на компјутерска техника „Acer“ има во план да го промени оперативниот систем на своите уред од „Microsoft“ на „Android“ и „Chromebook“.

Во плановите на „Acer“ е да го намали бројот на производи со „Windows“ оперативниот систем и да ја прошири својата линија на уреди кои работата на платформите на „Google“, „Android“ и „Chrome OS“. Компанијата смета дека новата стратегија ќе им овозможи да го зголемат профитот за 30 проценти веќе во наредната година.

Поради тоа „Microsoft“ мора да стори нешто за да ја поврати или зајакне довербата на корисниците на компјутери.

„ Луѓето ретко ги купуваат тие производи или се откажуваат од купувањето на истите“, истакна претседателот на „Acer“, Џим Венг на состанокот со инвеститорите.

Тој нагласи дека неговата компанија ќе се труди што е можно побргу да го развие бизнисот без уделот на „Windows“.

Во второто тромесечие од оваа година загубите на компанијата достинаа 11.4 милиони долари, додека во истиот период од минатата година „Acer“ оствари добивка од 1.9 милиони долари.

Според податоците на истражувачката компанија „IDC“, „Acer“ го зазема четвртото место во светот меѓу производителите на персонални компјутери. Нивниот удел на светскиот пазар е 8.2 проценти, што е пад за 2.6 проценти во однос на минатата година.

Продажбата на компјутери на светско ниво во второто тромесечие од 2013-та година изнесува 75.6 милиони уреди што е за 11.4 проценти помалку од една година претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП