26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНова книга на Марина Мијаковска во издание на ЦККС

Нова книга на Марина Мијаковска во издание на ЦККС

Во среда, 16 јуни, на покривот на Домот на културата „Кочо Рацин“, во 19.00 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Ecriture feminine и романот: прилог кон феминистичката теорија на жанрот“ на Марина Мијаковска. Издавач е Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) од Скопје, а промотор е Славчо Ковиловски.

Книгата зборува за теоретските и практичните аспекти на женското писмо. Значајно е што во неа се дефинираат неколку модели на женското писмо, преку анализа на делата на македонски и светски авторки: Оливера Николова, Ирена Јорданова, Лидија Димковска, Вирџинија Вулф и Маргерит Дирас.

Мијаковска се задржува на дефиниражето на жанрот роман, проучувајќи го пристапон на жените-авторки кон романот.

Марина Мијаковска е родена во Скопје во 1984 година. Таа пишува поезија, проза, есеистика, литературна критика и научни трудови. Дипломирала и магистрирала на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Таа е доктор на филолошки науки. Во декември 2017 година на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје ја одбранила докторската дисертација Écriture féminine и романот: Прилог кон феминистичката теорија на жанрот. Мијаковска  од 2013 година е членка на Друштво на писателите на Македонија. Taa учествувала на многу меѓународни книжевни манифестации во земјава и во странство. Мијаковска се стекнала со неколку книжевни награди во земјава и во странство: „Специјална награда за литературно творештво со високо уметничко  ниво  со  ценети  и  трајни  поетски вредности“  на  „Поетски вечери во Корча“ (2012); „Караманов“ (2013); „Македонска  книжевна  авангарда“ (2013); „Крсте Чачански“  (2014); „Бели мугри“ (2015) и награда „Даница Ручигај“ при Друштво на писателите на Македонија (2019). Марина Мијаковска учествува на научни конференции, предава на работилници за креативно пишување и е водител на книжевни манифестации.

            Библиографија

Стихозбирки за возрасни: „Номадска душа“ (2010); „Куфери“ (2013); „Психоаналитичка алхемија од страсти“ (2013); „Тиркиз во лето“ (2015); „Постела на тишината“ (2015) и „Коскена“ (2019).

Стихозбирки за деца: „Новогодишни детски песни“ (2017).

Книги со раскази: „Куќички“ (2014).

Есеистички и научни книги: „Жанровски полимер: Сандаче од ракописи во обид“ (2016) и

„Модели на родовата идентификација“ (2018)

Аудио книги:„Психоаналитичка алхемија од страсти“ (2018)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП