27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДанците ѝ се налутија на УЕФА

Данците ѝ се налутија на УЕФА

Два дена по натпреварот Данска – Финска на Евро 2020, кој донесе вистинска драма на стадионот „Паркен“, Данците открија дека биле соочени со ултиматум од УЕФА поради што решиле да го продолжат натпреварот.

За потсетување, на овој натпревар во 43. минута колабира Кристијан Ериксен. Лекарите по десет минути реанимација успеаја да му го спасат животот на најдобриот дански фудбалер.

„Имавме две можности и ниту една не беше добра. Ја избравме онаа што беше помалку лоша. Многу играчи не можеа да го продолжат натпреварот. Мислите им беа на некое друго место. Во една таква ситуација требаше да имаме и трета опција“, рекол Мартин Брејтвајт откривајќи дека од УЕФА им понудиле да го продолжат натпреварот или да играат наредниот ден од 12 часот.

Постоела и закана од УЕФА дека доколку не го одиграат натпреварот, тој ќе биде регистриран со службени 3:0 за Финска.

„Се случи нешто ужасно и УЕФА на играчите им дава можност да изберат – да играат веднаш или да се вратат в недела напладне. Како е можно тоа“, рекол голманот Каспер Шмајхел.

Инаку, пред да продолжи натпреварот, во саботата, УЕФА објави дека во договор со играчите на двете репрезентации била донесена одлуката тој да продолжи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП