26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗабележувате ли вакви промени на вашето лице?

Забележувате ли вакви промени на вашето лице?

Идентификувањето на болести врз основа на карактеристиките на лицето не може да ја замени посетата на доктор, но може да биде предупредувачки сигнал…

Постојаните сини или посинети усни можат да бидат последица од земањето на анти-инфламаторни лекови. Во повеќе случаи тоа, сепак, е аларм за бронхитис, или друго заболување на респираторниот тракт.

Ако на усните ви се појавиле мозолчиња, тоа значи дека на кожата нанесувате премногу козметика и би требало да ја користите само онаа со pH неутрални својства.

Ако на кожата околу аглите на устата ви е испукана и чувствувате болка, тоа може да биде последица од недостаток на железо и витамин Б2, но и почетен дијабетес.

Лицата кои се постојано бледи, имаат ослабен имунитет или заболени бубрези. Црвената боја на лицето со мали напукнати капилари може да укажува на проблем со зголемениот крвен притисок.

Наглото ретчење на веѓите може да биде последица од стресните ситуации, дури и од некои кои се случиле пред пет месеци. Во вториот случај може да укаже на неправилна работа на тироидната жлезда.

Црвенилото и лесното перутање на носот најчесто е последица од сувоста на кожата, но во некои случаи укажува на недостаток на цинк во организмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП