26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМалезискиот производител на ракавици руши рекорди на профит

Малезискиот производител на ракавици руши рекорди на профит

Производителот на гумени ракавици од Малезија, „Top Glove“, објави дека неговата нето добивка во вториот квартал е скоро четирикратна, поддржана од постојаната побарувачка за заштитна лична опрема поради пандемијата со коронавирусот.

Малезија произведува околу 65 проценти од гумените ракавици за еднократна употреба, достапни на светскиот пазар, а побарувачката нагло се зголеми од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во 2020-та година.

„Top Glove“ произведува 50 милијарди пара ракавици годишно и се претставува како „најголемиот производител на гумени ракавици во светот“. Силната побарувачка и донесе скоро шест пати поголема нето добивка во период од трите месеци до крајот на мај, од 2,06 милијарди ринггит (500 милиони долари).

Неговите приходи се зголемија повеќе од двојно, на 4,16 милијарди ринггити.

Малезиската компанија забележа рекорден профит петти последователен квартал, и покрај американската забрана за увоз за наводни повреди на човековите права врз работниците.

Агенцијата за царинска и гранична заштита на САД (CRB) во март соопшти дека открила дека одредени ракавици за еднократна употреба од малезиска компанија се произведени со употреба на принудна работа.

Компанијата наведува дека поради забраната oд САД, нејзиниот обем на продажба се намалил малку во споредба со претходниот квартал.

„И покрај ова, глобалната побарувачка за ракавици е сè уште силна и тие се користат сè повеќе, како резултат на постојаната пандемија“, посочуваат од малезиската компанија.

Извршниот директор на „Top Glove“, Ли Ким Миоу, рече дека „тесно соработува со американскиот „СРВ“ за брзо решавање на проблемите со забраната“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП