Поранешните модели на „iPad“ на „Apple“ обично не се снаоѓаа добро во тестовите за виткање, а како се покажа последниот „iPad Pro 12.9“ (2021) на ова поле, демонстрира популарниот Зак, од „YouTube“ каналот „JerryRigEverything“.
Зак имаше специфичен тест за издржливост за „iPad Pro 12.9“ со чип „М1“, а ова е и првиот таблет со мини-„LED“ „LCD“ -дисплеј. На тестот, дисплејот е изгребан на шестото ниво од скалата Мос, со подлабоки засеци од седмото ниво.

