26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.06.2021

Дневен хороскоп 11.06.2021

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Се наоѓате во сјајна форма и самоуверено ги прифаќате различните обврски. Најдобро се чувствувате во друштвото кое има слични идеи или деловни интереси. Сите уметнички души може да очекуваат интересна понуда денес. Поволен период за оние кои се занимаваат со музика, глума или пишување.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Се наоѓате во романтично расположение и посакувате силни изливи на љубов. Во емотивниот занес сте подготвени да се пробате во нови и предизвикувачки ситуации. Ново познанство стои пред вас.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Во љубовниот живот непотребно се грижите поради нечие однесување. Покажете повеќе разбирање за нечии грешки или мали емотивни слабости. Водете сметка за црниот дроб.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Делувате активно на различни страни. Постои личност која може да ги награди вашите интелектуални способности. Новите деловни контакти кои сте ги оствариле го шират влијанието. Ве привлекува комбинацијата од емотивна и интелектуална врска.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Самоуверено ги браните вашите интереси, но постојат дополнителни компликации кои ја отежнуваат вашата деловна или социјална положба. Потребно е рационално да ја користите својата енергија. Чувствувате емотивен занес.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Во љубовниот живот ви одговара нечие присуство, но ви недостасува прилика да ги остварите своите намери. Бидете дискретни во средбите кои изобилуваат со силни емоции или некои прикриени страсти. Ќе ве изненади повикот за дружење со пријателите.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе почувствувате креативна инспирација и со леснотија ќе завршите бројни обврски. Понекогаш умеете да оставите фантастичен впечаток на околината, па така соработниците ќе очекуваат ваше мислење за различни деловни теми. Партнерот е малку соминителен.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Лесно го губите интересот за едно лице. Емотивното затишје или летаргијата која постои во заедничкиот однос не треба да ја доживувате како некој љубовен проблем. Имате зголемен апетит во последно време, па затоа внимавајте на телесната тежина.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не верувате во нечии ветувања на полето на работата, потребна ви е поголема гаранција или потврда за да бидете сигурни. Делувате задоволно поради настаните кои ве следат во љубовниот однос. Важно е правилно да вреднувате нечии чувства и постапки.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Тешкиот товар кој го носите не е само од вашите вишок килограми. Насобрани се доста незгодни позиции, климави компромиси и неразрешени ситуации. На крајот од денот ќе почувствувате олеснување и простор за нови планови.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Пред вас е голем пресврт од кој можете да направите чудо. Имате креативност, сила и амбиција, но и една маана. Премногу емотивно реагирате на критиките. Научете да се контролирате и стекнете самопочит.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Доколку се сомневате во нечии емотивни намери тоа сеуште не претставува доказ за осуда. Нема причина неоправдано да ја казнувате личноста која ја сакате. Бидете внимателни кон своето семејство. Можни проблеми со желудникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП