20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИ белите дробови сакаат здрава храна

И белите дробови сакаат здрава храна

Здравата исхрана е важна за целокупното здравје на организмот, но го намалува и ризикот од болести на белите дробови.

Истражувањето на француските научници покажува дека со здравата исхрана можете за една третина да го намалите ризикот за заболување од хронична обструктивна белодробна болест (ХОББ).

Според податоците собрани од околу 120.000 испитаници, намалената консумацијата на црвено месо во комбинација со почестото внесување на производи од интегрални житарки, е поврзана со намалениот ризик за заболување од оваа болест.

Помал ризик за заболување исто така е воочен и кај испитаниците кои ретко консумирале алкохол и газирани пијалоци.

Инаку, најважен фактор за ризик за ХОББ е пушењето, но познато е и дека една третина од пациентите со ХОББ никогаш не пушеле.

Позитивниот ефект на здравата исхрана во поглед на намалувањето на ризикот од ХОББ бил присутен и кај пушачите и кај непушачите, без оглед на нивната возраст, зачестеноста на физичките активности и тежината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП