26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.06.2021

Дневен хороскоп 09.06.2021

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Размислете на кој начин да ги искористите вашите контакти и способности. Извесни работи почнуваат да се менуваат и ве тераат да размислувате. Засега не правете некои драстични промени. Соработниците имаат некоји нови барања од вас и тоа вам многу ќе ви пречи.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Во попладневните часови, критиката што ја добивте од партнерот во врска со однесувањето, ќе ве натера малку повеќе да се потрудите околу него. Денес ќе сакате да се искупите со тоа што ќе испланирате интимна вечера. Партнерот ќе биде навистина пријатно изненаден и одушевен од вашата идеја.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Гледајте се почесто со пријателите и забавувајте се повеќе. Што се однесува на љубовно поле, почнете да преземате иницијатива. Работите нема да ви да паднат од небо ако само чекате. А оние кои се во врска, крајно време е да почнат да размислуваат како повторно да внесат живот во врската.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Денес ќе бидете посебно расположени за дружба. Едвај чекате да го слушнете најновиот муабет за еден пријател и да ја задоволите вашата љубопитност. Озборувањето ќе ве опушти и на кратко ќе заборавите на натрупаните работни обврски.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Она што најмногу ве измачува и ве спречува веднаш да започнете со проектот е недостатокот на финансии. Денес ќе имате потреба да се консултирате со една личност во која имате потполна доверба. Таа ќе ви даде потполна поддршка и ќе ви вети дека ќе учествува во реализацијата на вашата идеја.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Во последно време вниманието ви е расфрлано на повеќе страни и никако да се концентрирате кон една работа и да ја истуркате до крај. Освен што размислувате за работата, имате притисок и од фамилијата. Тие имаат некои очекувања од вас кои вие не можете а и не сакате да им ги исполните.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Имате многу добри идеи, но освен нив, потребна е и енергија која вие моментално ја немате. Финансиите ви се добри и имате сигурни приливи. Денес се можни пари од зделка која сте ја заклучиле во изминатиот период.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Обврските кои ги имате преземено не можат да чекаат и не трпат одлагање. Затоа, наместо да одморате, ќе мора да работите. Доколку сте во брак или во подолга врска, бидете внимателни и обрнете му внимание на партнерот. Тој има разбирање за вашите обврски, но почнува да се чувствува осамено.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес речиси сите блиски лица ќе побараат нешто од вас. Вие нема да знаете на кого попрво да му помогнете. Емотивноста ќе ја зголеми партнерот со неговите барања. Веќе не знаете кому да му удоволите. Ако сте осамени, постои шанса да влетате во нова авантура, која ќе ви го подигне расположението.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате прилика за патување, искористете ја за да се тргнете малку од секојдневието. Вашето расположение се подига па ќе имате можност за некои нови и интересни познанства. Нема потреба да одржувате илузии и занес кон личност која не ја познавате доволно.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Ги променивте ставовите кога е во прашање работата. Од ден на ден го менувате мислењето за многу работи. Вашиот критички дух ќе привлече внимание на вашите соработници и можни се расправии. Стрпете се и почекајте го крајот на денот, бидејќи многу работи зависат од вас.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Потребна ви е финансиска стабилност, која ќе ја постигнете само ако се фокусирате на неопходните потреби. Соработката и понатаму ќе биде клуч за вашиот успех. Слушајте ги другите, соработувајте, па и тие вас ќе ве поддржат. Некоја Вага ќе побара од вас искрен разговор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП