20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕдноставен напиток со кој ќе го регулирате притисокот и ќе го зајакнете...

Едноставен напиток со кој ќе го регулирате притисокот и ќе го зајакнете имунитетот

Овој eдноставен и делотворен рецепт на руската традиционална медицина сигурно ќе ви помогне зголемениот притисок да го доведете во нoрмала, а воедно и да го зајакнете имунитетот.

Подобрувањето се појавува за неколку дена: ќе пројдат зачестените главоболки, чувството на замор ќе исчезне.

Рецепт

Пет супени лажици борови иглички кои можете да ги пронајдете во продавниците за здрава храна или билните аптеки, две супени лажици дренки и две супени лажици лушпи од црвен кромид.

Подготовка

Смесата залијте ја со литар ладна вода и варете се додека не зоврие. Потоа варете на тивок оган десетина минути со затворен капак. Тргнете го садот од оган и оставете го да отстои уште 20 минути, па потоа процедете го.

Користење

Напитокот пијте го по половина литар во текот на еден ден. По два дена сварете нов. Потребно е да го пиете секојдневно, и тоа 2 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП