16 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКолку заработија sвездите на „Пријатели“ за специјалната епизода

Колку заработија sвездите на „Пријатели“ за специјалната епизода

Долгоочекуваната средба на шесте ѕвезди на „Пријатели“ конечно се емитуваше минатиот четврток, 17 години по завршувањето на култната серија.

Таблоидите почнаа да објавуваат статии за тоа кој од оригиналните членови на актерската екипа – Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Дејвид Швимер, Мет Лебланк и Метју Пери – заработил најмногу пари по сите овие години отсуство.

А што се однесува на повратничката епизода, секој од нив, наводно, добил од 1,7 до 2,1 милиони фунти за едночасовната дружба, според „Холивуд репортер“, како што пренесува британски „Мирор“.

Сепак, оваа сума е многу малку од нивната вкупна нето-вредност сега – и колку заработиле вкупно додека ја снимале „Пријатели“.

Според „Маркет-плејс“, секој член на актерската екипа започна со хонорар од 15,925 фунти по епизода кога серијата почна да се емитува во 1994 година, а во седмата и осмата сезона, нивната плата достигна 708,175 фунти по епизода.

Тие станаа најплатени телевизиски актери во тоа време бидејќи заработуваа над 1 милион долари по епизода во последните две сезони од серијата, пренесува истиот извор.

Актерите профитираат од серијата и по нејзиното завршување. Секој од нив добива 19-20 милиони долари годишно од репризи или прикажувања на стриминг-платформи и телевизии.

Успехот на една од најпопуларните серии на сите времиња продолжува да носи профит за актерската екипа, па така некои американки медиуми неодамна објавија дека филмската компанија „Ворнер Брос“ заработува милијарда долари годишно од „Пријатели“. Секоја sвезда добива два проценти од таа сума, односно околу 20 милиони долари годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП