27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛошо спиете? Вклучете ги овие три намирници во вашата исхрана!

Лошо спиете? Вклучете ги овие три намирници во вашата исхрана!

Научниците со помош на различни истражувања дојдоа до сознанието дека различните видови на храна поради својот состав може позитивно или негативно да влијаат на спиењето. Овие намирници сигурно ќе ви помогнат полесно и поубаво да спиете.

За доручек јадете јајца

За среќа, јајцата може да ги подготвиме на многу начини и да ги комбинираме со разни намирници. А како доручекот влијае на добриот сон? Аминокиселините во јајцата можат да ги стимулираат невроните кои произведуваат орексин, а тие имаат клучна улога во регулирањето на REM сонот и будноста во текот на денот.

На ручек испијте сок од вишни

Научниците од Универзитетот во Лузијана откриле дека природниот сок од вишни влијае на сонот. Истражувањето покажало дека испитаниците во просек спиеле 85 минути подолго откако две недели секојдневно пиеле по две чаши сок.

Јасмин ориз за вечера

Една друга студија објавена во стручен магазин покажала дека јасмин оризот има благотворно влијание на сонот. Ароматичниот јасмин ориз го зголемува гликамискиот индекс, а испитаниците кои го консумирале заспивале двојно побрзо од оние кои јаделе храна со низок гликемиски индекс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП