9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако изгледа и колку чини најскапиот нов автомобил на сите времиња (ФОТО/ВИДЕО)

Како изгледа и колку чини најскапиот нов автомобил на сите времиња (ФОТО/ВИДЕО)

Познато е дека „Rolls-Royce“ ги прави некои од најскапите автомобили на денешницата, но најновиот модел за „Гудвуд“ далеку ги надминува сите други според цената.

Создаден како почит кон истоимените автомобили „Rolls-Royce“ од третата и четвртата деценија на 20-ти век, „Boat Tail“ ја продолжува традицијата на рачно изработени уникатни модели, како што е уникатното купе „Sweptail“ од 2017-та, кое чинеше 10 милиони фунти.

Кога станува збор за моделот „Boat Tail“, „Rolls-Royce“ направи само три примероци, а пред вас е првиот од нив.

Цената на овие супер-ексклузивни кабриолети е дури 20 милиони фунти (23 милиони евра), а секој од нив е направена според желбите и спецификациите на клиентите.

„Rolls-Royce Boat Tail“ се базира на седанот „Phantom“, а должината на возилото е импресивни 5.800 mm.

За разлика од алуминиумската основа која сериски се произведува, секој од трите автомобили има рачно изработена каросерија, додека сите други надворешни елементи, како што се светлосните групи, се исто така уникатни.

Задниот дел од автомобилот, како што сугерира името на моделот, е моделиран според брзите чамци од некои минати времиња, што му ја дава потребната доза на ретро изглед на возилото.

Капаците направени од дрво се отвораат нагоре, откривајќи ја преградата во која има два мини-фрижидери со шишиња за шампањ и комплет очила. Во последниот дел се крие чадор што се преклопува, како и две маси за излети во природата.

Под хаубата на таквото импозантно возило мора да има импозантен мотор.

Погонскиот агрегат е преземен и од „Phantom“, а станува збор за 6,75-литарски V12 со 571 ks (420 kW) и 900 Nm. Силата се пренесува на тркалата преку 8-степен автоматски менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП