#StopElon е нова криптовалута, а името веќе може да каже која е неговата цел. Имено, новата валута ги собра оние кои сакаат да го спречат Илон Маск дополнително да влијае на вредноста на крипто-валутите, бидејќи неговите твитови предизвикуваат огромни растови и падови.
Маск веќе некое време манипулира со овој пазар преку својот профил на Твитер, па неодамна значително влијаеше на вредноста на биткоинот, откако објави дека Тесла повеќе нема да ја прифаќа оваа валута.

