4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск се состана со главните „рудари“ на биткоини

Маск се состана со главните „рудари“ на биткоини

Илон Маск се вклучи во разговорот со водечките „рудари“ на биткоини со цел да ги подобри и регулира еколошките проблеми што ги носи овој бизнис со себе. Ова го потврди Маск на својот профил на Твитер.

Мајкл Сајлор, основач и извршен директор на „MicroStrategy“, рече дека успеал да ги покани да разговараат главните компании во индустријата, Blockcap, Hut 8, Marathon Digital Holdings и Riot Blockchain, со цел да се создаде организација што ќе ги контролира деловните стандарди и ЕСГ стандардите. Споменатите компании не одговорија веднаш на неговиот повик, пишува Businessinsider.

Сејлор на својот профил на Твитер напиша: „Рударите се согласија да создадат Здружение на рудари на биткоини заради транспарентност во користењето на електрична енергија и зачувување на животната средина“.

MicroStrategy поседува околу 21.000 биткоини, кои во април изнесуваа околу 2 милијарди долари.

Вредноста на биткоинот нагло паѓа овој месец и е многу непостојана откако Илон Маск изрази загриженост за деградација на животната средина поради рударењето на криптовалути. Дополнителен пад беше предизвикан од повлекувањето на можноста за купување автомобили на Тесла со биткоини.

Како одговор на повикот на Сејлор, Blockcap навеле дека користсат чиста енергија за рударење, нагласувајќи дека 56 проценти од нивната електрична енергија доаѓа без употреба на јаглерод. Тие исто така изјавија дека во иднина ќе поддржуваат иновации и ќе соработуваат со други во областа на еколошката свест и иновациите во животната средина.

Директорот на Marathon Digital Holdings зборуваше и на својот Твитер профил на оваа тема и посочи дека и тие ќе се вклучат во борбата за зачувување на животната средина.

Колку загрижува овој проблем, покажува и истражувањето на Универзитетот во Кембриџ дека „рударењето“ на биткоини на глобално ниво троши 113 терават часови годишно, што претставува поголема потрошувачка од целата држава Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП